Saturday, March 21, 2009

100% Евросонг на МТВ

Oд понеделник 23. март секој работен ден со почеток во 20 часот Македонската Радио Телевизија на Првиот Програмски Сервис на МТВ ќе започне со емитување на емисија посветена на Евросонг 2009-Москва.

Емисијата со времетраење од 15 тина минути,ќе ги содржи најинтересните информации поврзани со Евросонг 2009, односно сите актуелности и сите важни информации околу годинешниот Евросонг кој ќе се одржува во мај во Москва.
Во емисијата ќе бидат презентирани сите спотови на земјите учеснички на годинешниот Евросонг, се разбира и со куса најава за учесниците. Можно е гостување на некои од учесниците и во студиото на МТВ.
Низ емисиите ќе бидат постојано присутни сите актуелни информации поврзани за нашиот претставник - групата Некст Тајм.
Секое издание на емисиите и сите актуелни информации ќе бидат презентирани од различни водители.

Репризните изданија ќе се емитуваат во 23:20 часот истиот ден и во 12:40 часот наредниот ден на Првиот Програмски Сервис.