Oд понеделник 23. март секој работен ден со почеток во 20 часот Македонската Радио Телевизија на Првиот Програмски Сервис на МТВ ќе започне со емитување на емисија посветена на Евросонг 2009-Москва.Емисијата со времетраење од 15 тина минути,ќе ги содржи најинтересните информации поврзани со Евросонг 2009, односно сите актуелности и сите важни информации околу годинешниот Евросонг кој ќе се одржува во мај во Москва.
Во емисијата ќе бидат презентирани сите спотови на земјите учеснички на годинешниот Евросонг, се разбира и со куса најава за учесниците. Можно е гостување на некои од учесниците и во студиото на МТВ.
Низ емисиите ќе бидат постојано присутни сите актуелни информации поврзани за нашиот претставник - групата Некст Тајм.
Секое издание на емисиите и сите актуелни информации ќе бидат презентирани од различни водители.
Репризните изданија ќе се емитуваат во 23:20 часот истиот ден и во 12:40 часот наредниот ден на Првиот Програмски Сервис.
No comments:
Post a Comment