Thursday, April 30, 2009

NEXT TIME ДЕНЕС ЗАМИНУВААТ ЗА МОСКВА

Рок-двоецот Некст тајм денес заминува за Русија, каде на 12. мај ќе ги брани боите на Македонија на европскиот поп-фестивал Евросонг 2009. По благословот што го добија од поглаварот на македонската црква Господин Госпдин Стефан, и по средбата со Стојан Тренчевски од Фондацијата Мајка Тереза, вчера попладне отпатуваа и во Крушево, за да се поклонат на почивалиштето на нивниот идол до детството Тоше Проески.

Денес заедно со официјалната екипа од МТВ заминуваат за Москва, каде на четврти мај ќе ја имаат првата проба, како и првата прес конференција. На вчерашната прес-конференција во МТВ, шефицата на делегација Гордана Андрашевска соопшти дека македонската вечер ќе се одржи на осми мај, во познат московски локал, за која организација МТВ има најголема подршка има од македонаката амасада во Москва и амбасадорот Златко Лечевски.

За подобро претставување пред евровизиските делегации Здружението на македонски винарии преку Министерството за надворешни работи ќе испрати од најдобрите сортни македонски вина.

За забавата нашите пејачи, заедно со уметничкио директор Љупчо Мирковски, подготвија изведба на коктел од македонски народни песни - Зајди, зајди, Ја излези Ѓурѓо, Зошто си ме мајко родила и Јовано, Јованке. Паралелно на видео-бимови ќе бидат прикажувани ТВ-разгледници од најинтересните места во Македонија.

Нашите претставници настапуваат на првото полуфинале, на 12 мај, придружени од Драган Ѓуровски - Роки-гитара и придружен вокал (кој настапуваше на Евровизија и со Тоше) , Марио Станковиќ - бас гитара, Горан Михајловски - тапани и Дамјан Лазаров на тапани и придружен вокал.

Тие својот настап го извежбаа во студиот на М2 на МТВ, каде Некст тајм секогаш доаѓале пред време со цел да посвират на клавирот. ТВ-режисер на нивниот евровизиски настап ќе биде познатиот македонски режисер кој живее и работи во Москва, Иван Поповски. Некст тајм пред заминувањето нагласија дека ќе дадат се од себе, и дека со квалитет, и без дополнителни скандали ќе ја претстават земјата во најдобро светло.

Официјалниот стилист на Некст тајм, Томас, на новинарите им откри како ќе изгледаат Стефан и Мартин за време на својот настап.

Нивните модели се од модерни материјали, во црно-бела комбинација, и можам да ви кажам дека ќе изгледаат како големите руски војсководци. Нивната облека и обувките се креирани во Македонија, што значи имаме 100% македонски прозивод, истакна Томас.

КАЛИОПИ СО НАГРАДА, ЦАРИЦА ТЕОДОРА

Поп-дивата Калиопи доби награда за успешност на естрадата во Србија за 2008 година. Свеченото доделување на традиционалните награди за најуспешните на естрадата се одржа во елитниот музички клуб Спарк во Ниш.

На најуспешните им беа доделени плакети и статуетки Царица Теодора и Цар Константин, а свој настап имаа голем број српски музички ѕвезди. Калиопи настапи со Пробуди ме и Љуби од најновиот албум Желим ти реќи, а на барaње на публиката во живо ја отпеа и легендарната Бато.

Покрај Калиопи, награди за успешност на естрадата за 2008 година добија и Неверне бебе, Гоца Тржан, Луис, Драгана Мирковиќ, Генерација 5 и други.


ДНК- ТУРНЕА,СИНГЛОВИ,АЛБУМ

На огромно барање и задоволство на обожавателите, Панчо и Андреј од ДНК пред издавањето на албумот, кое е планирано за средината на октомври, во мај започнуваат мини-турнеја низ Македонија. И покрај тоа што немаат доволно материјал за големи концерти, момците се пребукирани, а среќните градови кои ќе можат да се забавуваат на нивното едночасовно шоу се: Охрид (1 мај), Валандово (8 мај), Штип (9 мај), Скопје (15 мај), Битола (16 мај), Куманово (22 мај), Велес (23 мај), Прилеп (29 мај) и Струмица (30 мај).

Во моментов ДНК работат на самостојниот летен хит кој треба да излезе со видео-запис до 15 јуни, а веќе трета година по ред, односно традиционално, имаат снимено дует со Врчак, кој треба да излезе во етерот до 20 мај за кој нормално ќе биде снимен и спот.

Наскоро од ДНК и Врчак ќе ја слушнеме и химната за А1 и А2 ТВ, која ќе биде вистинско освежување и нешто сосема ново на македонските простори.

ВО МАЈ ЃОРГИ КРСТЕВСКИ СО НОВО ЦД

Ѓорѓи Крстевски во текот на месец мај ќе го промовира својот нов, трет по ред студиски албум, на кој ќе се најдат 10 песни. Музиката, текстовите и аранжманите се дело на Ѓорѓи. На промоцијата премиерно ќе биде прикажан спотот за носечката тема од албумот.

Но, тоа не е се! Познатиот кантавтор овој четврток ќе ја почести својата публика во Битола со целовечерен настап во живо. Првомајското дружење со Ѓоле и со неговите хитови ќе се случува во познатата дискотека Расчекор.

За летото се планирани концертните активности низ Македонија, а кулминацијата ќе се случува оваа есен, кога се најавува неговиот втор голем солистички концерт во Скопје...

Tuesday, April 28, 2009

МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА СЕГА И НЕКОГАШ

Во мојата досегашна новинарска работа, ја следам многу добро нашата естрада. Споредбата за тоа како било некогаш и како е сега е многу разочарувачка. Се наметнува прашањето зошто? Најверојатно затоа што се изгуби смислата за уметност и истата се замени со машина за пари која продуцира само квантитет. Лугето кои нешто вредеа полека се повлекуваат бидејки ги чувствуваат промените кои се случија, фестивалите се одржуваат на плејбек, сега секој кој има пари може да стане пејач и да прокламира вештачка атракција.
Македонија во својата музика очигледно се соживеа со тоа дека уметниците бедно живеат. Но уметниците одбраа друга опција, наместо бедно да живеат си заминуваат во странство. Во секој случај, владее повреда на компетентноста и површен квантитет.

МОНИСТРА СЕ ВРАТИ ОД ЕГИПЕТ

Од 5. до 14. aприл нашата етно-група Монистра, учествуваше на првиот етно-фестивал во Египет, насловен прв светски етно фестивал Александрија. Првиот концерт се одржа во колосалниот објект на светски познатата Библиотека.

Громогласните аплаузи и напишаните коментари од музичките пера забележани во лондонски Times, говорат за врвната презентација која ја изведува Монистра и секако потврда, за високиот квалитет на македонската етно-музика.

Карактерните ритмови и вокални изведби ја издвоија нашата музика како единствена, но и како голем вруток на силно духовно богатство од каде извира силна енергија која публиката ја чувствува и наградува.

Вториот концерт се одржа во Каиро и уште еднаш публиката ни дозволи да го пренесеме автентичниот музички израз, заедно со нас да ужива и долго да памети етно состав кој ќе биде често присатен на музичките фестивали ширум светот – велат од Монистра.

По гостувањето во Израел, во февруари месец, и концертите во Египет, јасно покажуваат дека Монистра е квалитетен состав, поточно, уште еден силен етно-проект по кој ќе се препознава нашат култура и идентитет.


ЕСТРАДАТА ИМ ПОМАГА НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

Оваа сабота (2-ри мај) со почеток во 21 часот во салата Билјанини извори во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт со многу познати диџеи, поп и хип-хоп имиња од македнонската естрада, со цел да им се помогне на децата со оштетен вид.

Организатор на манифестацијата е првата амбасада за деца и младици со оштетен вид - ОКО, во соработка и поддршка од локалната самоуправа на Охрид.

Средствата собрани од концертите ќе бидат наменети за учебници, звучни помагала, компјутери и операции наменети за децата со оштетен вид. Концертите ќе продолжат во сите градови во Македонија, со завршен концерт во Скопје, во салата Борис Трајковски.

Собраните средства и донации ќе бидат прикажани во документарниот филм кој ќе биде изработен од страна на продуценската куќа Токсикологија. Билетите се со симолична цена од 100 денари и ќе може да се набават на самиот влез од салата, а од 28. април и на плоштадот во Охрид.

ПАРКЕТИ КАНАТ НА ФОРУМ ДРУЖЕЊЕ

28. април 2009.

Паркети канат на форум-дружење!

Од фан-клубот на Паркети не известија дека наскоро ќе започне да функционира нивниот нов форум, кој се уште е во фаза на финалната изработка. Имено, тие за неколку дена ги канат сите фанови на Паркети да ја посетат адресата на форумот, каде ќе најдат многу нови информации за бендот, еден куп видео-спотови, песни и други изненадувања...


Паркети за две-три недели ќе го објават својот најнов албум, на кој ќе се најдат 12,5 песни, оти не сакале до крај да ја снимат баксузната 13-та.

Важно! Паркети повеќе од 4 недели се први на Pure Adria Chart на MTV Adria. Честитаме!

ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА НА ОБОЖАВАТЕЛИТЕ НА ТОШЕ

Повеќе од стотина обожаватели на музичката легенда Тоше Проески од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија, денес ќе пристигнат во Крушево, каде ќе останат до крајот на неделата – јавува Време. Нивна идеја е преку дружби и евоцирање на заеднички спомени да се потсетат на својот омилен пејач.

Ваквите дружења стануваат нивна традици - секоја пролет да се собираат во Крушево, да го посетуваат почивалиштето на Тоше, манастирот и на сите места кои најчесто ги посетувал идолот. Обожавателите најавија дека во негова чест во иднина ќе преземат заеднички хуманитарни мисии, со цел да ги продолжат хуманите делата на Тоше.

Monday, April 27, 2009

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ СО МАКЕДОНСКИТЕ ПИЈАЦИ

Makedonskite pop-pejaci najavuvaat golema zabava na humanitarniot koncert ,,Sonuvaj mirno,, sto ke se odrzi zadutre vo diskotekata ,,Hard Rok,, so pocetok vo 21:00 casot.
Duoto ,,Nekst tajm,, Elvir Mekik, Daniel Stojmanovksi, Aleksandar Masevski, Beni sekiri, Biba Dodeva, Zoran Dzorlev, Toni Zen, Vlatko Ilievski, Andrijana Janevska, Aleksandra Pileva, Eva, Martina se del od ucesnicite na ovoj nastan.
Koncertot e del od kampanjata za podrska na deca i mladi , zrtvi na seksualna zloupotreba. Organizatori se Centarot za institucionalen razvoj, prvata detska ambasada vo svetot Megasi i ,, Tuharts,, produkcija.
Vleznicite po cena od 15o den ke moze da se kupat vo prostoriite na CIRa, Megasi i kasata na Hard Rok.

ОРНЕЛА СО НОВА ПЕСНА И НОВ ВИДЕО ЗАПИС

Младата поп-пејачка Орнела по кусата пауза повторно се враќа на музичката сцена со нова песна и нов видеоспот. Таа до сега има снимено 5 песни и 3 спота, а на два пати учествувала и на Охрид-фест - Охридски трубадури, каде го освојува еднаш второто и еднаш третото место од публиката, според телевоутинг гласовите.

Инаку, покрај пеењето, Орнела е матурант во средното балетско училиште - отсек модерни танци во класата на Гордана Деан – Поп-Христова, како и член но и инструктор по модерни танци за дечиња од најмладата возраст во балетското студио Ребис.

Нејзината нова песна едноставно насловена Плеј и видеоспотот снимен за неа ќе бидат промовирани оваа среда (на 29. април), во 12.30 часот во скопското кафуле Хемингвеј.

Автор на музиката и аранжманот на темата Плеј е Николче Мицевски, а текстот го напиша Борче Нечовски. Видео-спотот е снимен и режиран од искусниот Диме Пејовски, додека монтажата е дело на момчињата од познатата хип-хоп дружина Токсикологија.

Во спотот, како и во песната, како специјални гости се појавуваат популарните клинци од братското хип-хоп трио Роџер брадрс.

МАКЕДОНСКИ ТОП 7...?

Роберт Билбилов со синглот Прекасно е за нас и Ламбе Алабаковски со Научи да се радуваш се новите предлози на Топ 7 на МММ, за кои веруваме дека ќе ви се допаднат. За жал, минатонеделните: На овој свет на Легенда и Нос на Пеперминт, и по двонеделната шанса, не успееа да се пласираат меѓу најдобрите 7.

Таму, пак, цврсто на врвот е Александар Белов со Застани, солзи избриши..., а зад него следат: Влатко Лозаноски со Блиску до мене, Next Time (Нешто што ќе остане), Влатко Илиевски (Најбогат на свет), Даниел Стојмановски (Сила на љубовта), Браво бенд (Девојко) и Димитар Андоновски (Ме пронајде ти).

АНА НАПРАВИ ПРОМОЦИЈА НА ВИДЕОЗАПИСОТ ЗА СИНГЛОТ ,,СТУДЕНИ,,

Vcera, vo barot ,,Saloon,, pred mnogubrojni prijateli i podrzuvaci na Ana Simonovska, se odrza promocija na videozapisot za nejziniot singl ,,Studeni,,.
Tekstot i muzikata gi napisala Ana, dodeka za aranzmanot se pogrizil Darko Tasev.

НАКОГАШНИОТ ГЛАВЕН ВОКАЛ НА БАГАШ, НАТАША МАЛИНКОВА, СНИМИ НОВА ПЕСНА

Наташа Малинкова, некогаш главен вокал во Багаж, неодамна сними нова песна со интересен наслов Ранета. Синглот Ранета е дело на извонредните Весна Малинова (музика и текст) и Марга Сотировска (аранжман)

“Песната како да е правена токму за овој пост-празничен период, па сите кои ќе ја слушнат ќе се почувствуваат убаво, оти таа буди импресии за нешто што се случило неодамна“ – вели Наташа.

Таа наскоро најавува дека ќе нé изненади со интересен видео-спот, кој го реализираа во „Тип-топ продукција“ (Оги и Џоле).

“Спотот е снимен во студио на Томато и не се сомневам дека ќе биде една од поубавите видео креации што до сега биле направени кај нас. Спотот има преубави движења, моменти и анимации, а за сé да изгледа како бајка, ангажиравме и пет дечиња кои совршено се вклопија во приказната“ – вели Наташа.

Во план е и голема промоција за спотот на синглот Ранета, за која дополнително ќе ве информираме..
Во пeтокот на 30.01.2009 во дискотеката Б2 се одржа концерт и промоција на два најнови видео записи кои се промовираа и во новиот трговски центар Соравиа.

Обожавателите можеа да ја погледнат целата групација, но и да ги погледнат двата најнови видео клипа во една вечер,промоцијата започна во 24 часот, а на концертот настапија: “Единствена Опција“, “Пука Козметика“, “Маријачи“, Боро, Сиги, Желе, Ди џеј Номадуз и членовите на Токсикологија. Атмосферата ја загрејаа: Диџеј Шорти Пи aka Панчо како и Диџеј 1 aka Давор.

Токсикологија ги најавува и своите први две изданија и тоа: Токсикологија до крајот на февруари го најавува својот прв албум /компилација 4ЕКЕРАУКЦ.

Родители внимавајте вулгарни стихови 2007-2009, го најавува некаде во средината на 2009 година.

АДРИЈАН ГАДЗА СО ,,СКАНДАЛИ,,

Dobro poznatiot makedonski izveduvac, Adrijan Gadza, po skoro tri godini , so nova solo pesna ke gi izraduva svoite fanovi. ,,Skandali,, e nejzinoto ime a podgotovkite na tekstot se vi tek.

Saturday, April 11, 2009

ТОШЕ ПРОЕСКИ

Македонската музика започнува и завршува со Тоше Проески. Токму затоа не поимливо би било овој блог да биде формиран без негова биографија.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево. Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот животен пат.

Како малечок настапува на „Златно славејче“ и на „Мелфест“, пред и официјално да ја почне својата музичка кариера.

„Се се должи на љубовта кон музиката. Скалите си одат една по една сами по себе и никогаш не размислуваш што ќе се случи по 10 години или по 20 години“, изјавуваше Тоше Проески.

Неговиот талент го забележуваат сите, па затоа и неговите настапи уште како дете завршуваат со награди.

За првпат пред македонската публика се појавува на Скопскиот фестивал со „Остани до крај“ во 1997 година. Од овој момент почнува и неговиот поход кон ѕвездите.

Следи потпишувањето на неговиот договор со „Авалон продукција“ по кој, пак, на пазарот се појавува и неговиот дебитантски албум „Некаде во ноќта“ во 1999 година кој публиката одлично го прифаќа.

На овој албум Тоше соработува со докажани македонски автори, меѓу кои се и Григор Копров, Огнен Неделковски и други.

Следната 2000 година учествува на македонскиот национален избор за евровизиски претставник, но успева за жал да стигне само до третото место. По ова на своите фанови им го подарува и својот втор албум „Синот Божји“, кој стигнува до врвот на македонските топ листи.

Од овој албум започнува и неговиот поход за освојување на Балканот. Договорот за соработка со БК му ги отвара вратите за просторот на југословенските републики. Неговиот талент оваа публика го препознава и го наградува со Оскар на популарноста на фестивалот „Сунчане скале“.

Во 2003-та ја започнува соработката со Лилјана Петровиќ, која ќе му го донесе албумот „Ако ме погледнеш во очи“. Овој албум е работен во Атина, а беше промовиран во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Стана најкопираниот музички материјал кај пиратите, поради што не можеше точно да се утврди бројката на неговата продаваност.

„Во еден момент некој ми рече дека би сакал да слушнам некое момче од Македонија кое пее како славеј. Јас реков, нема проблем, побарајте го“, рече Лилјана Петровиќ.

„Се сеќавам дека единствениот повик на кој одговорив тој ден кога се сретнавме со Лилјана беше нејзиниот телефонски повик“, изјавуваше Тоше.

2004-та беше негова година. Тој ја претставуваше Македонија на Евровизискиот избор во Турција каде го освои 14-то место. Ја доби хуманитарната награда „Мајка Тереза“.

Таа година беше именуван за регионален амбасадор за добра волја на УНИЦЕФ, заради што ја издаде песната „За овој свет“. Оваа година го потпиша и договорот со „Далас рекордс“ за негов пласман во Хрватска и Словенија.

Со песната „Чија си“ во 2003-та Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“. Ги објави следниве албуми:

  • „Некаде во ноќта“ во 1999-та
  • „Синот Божји“ во 2000-та
  • „Ако ме погледнеш во очи“ во 2003-та
  • „Ден за нас“ во 2004-та
  • „По тебе“ во 2005-та
  • „Божилак“ во 2006-та
  • „Игри без граници“ во 2007-ма
  • "Hardest thing" во 2009-та.

Сингловите од албумот „По тебе“ неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и БиХ.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД изданија за неговите концерти во 2004 и 2006 година.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа овој месец на Градскиот стадион во Скопје, со којшто постави нови рекорди на посетеност. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во нашава земја.

„Хуманоста не се искажува со зборови, туку се покажува со дела“, рече Тоше на концертот.

Тоше утрово загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.