Thursday, April 30, 2009

NEXT TIME ДЕНЕС ЗАМИНУВААТ ЗА МОСКВА

Рок-двоецот Некст тајм денес заминува за Русија, каде на 12. мај ќе ги брани боите на Македонија на европскиот поп-фестивал Евросонг 2009. По благословот што го добија од поглаварот на македонската црква Господин Госпдин Стефан, и по средбата со Стојан Тренчевски од Фондацијата Мајка Тереза, вчера попладне отпатуваа и во Крушево, за да се поклонат на почивалиштето на нивниот идол до детството Тоше Проески.

Денес заедно со официјалната екипа од МТВ заминуваат за Москва, каде на четврти мај ќе ја имаат првата проба, како и првата прес конференција. На вчерашната прес-конференција во МТВ, шефицата на делегација Гордана Андрашевска соопшти дека македонската вечер ќе се одржи на осми мај, во познат московски локал, за која организација МТВ има најголема подршка има од македонаката амасада во Москва и амбасадорот Златко Лечевски.

За подобро претставување пред евровизиските делегации Здружението на македонски винарии преку Министерството за надворешни работи ќе испрати од најдобрите сортни македонски вина.

За забавата нашите пејачи, заедно со уметничкио директор Љупчо Мирковски, подготвија изведба на коктел од македонски народни песни - Зајди, зајди, Ја излези Ѓурѓо, Зошто си ме мајко родила и Јовано, Јованке. Паралелно на видео-бимови ќе бидат прикажувани ТВ-разгледници од најинтересните места во Македонија.

Нашите претставници настапуваат на првото полуфинале, на 12 мај, придружени од Драган Ѓуровски - Роки-гитара и придружен вокал (кој настапуваше на Евровизија и со Тоше) , Марио Станковиќ - бас гитара, Горан Михајловски - тапани и Дамјан Лазаров на тапани и придружен вокал.

Тие својот настап го извежбаа во студиот на М2 на МТВ, каде Некст тајм секогаш доаѓале пред време со цел да посвират на клавирот. ТВ-режисер на нивниот евровизиски настап ќе биде познатиот македонски режисер кој живее и работи во Москва, Иван Поповски. Некст тајм пред заминувањето нагласија дека ќе дадат се од себе, и дека со квалитет, и без дополнителни скандали ќе ја претстават земјата во најдобро светло.

Официјалниот стилист на Некст тајм, Томас, на новинарите им откри како ќе изгледаат Стефан и Мартин за време на својот настап.

Нивните модели се од модерни материјали, во црно-бела комбинација, и можам да ви кажам дека ќе изгледаат како големите руски војсководци. Нивната облека и обувките се креирани во Македонија, што значи имаме 100% македонски прозивод, истакна Томас.

No comments:

Post a Comment