Tuesday, April 28, 2009

ЕСТРАДАТА ИМ ПОМАГА НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

Оваа сабота (2-ри мај) со почеток во 21 часот во салата Билјанини извори во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт со многу познати диџеи, поп и хип-хоп имиња од македнонската естрада, со цел да им се помогне на децата со оштетен вид.

Организатор на манифестацијата е првата амбасада за деца и младици со оштетен вид - ОКО, во соработка и поддршка од локалната самоуправа на Охрид.

Средствата собрани од концертите ќе бидат наменети за учебници, звучни помагала, компјутери и операции наменети за децата со оштетен вид. Концертите ќе продолжат во сите градови во Македонија, со завршен концерт во Скопје, во салата Борис Трајковски.

Собраните средства и донации ќе бидат прикажани во документарниот филм кој ќе биде изработен од страна на продуценската куќа Токсикологија. Билетите се со симолична цена од 100 денари и ќе може да се набават на самиот влез од салата, а од 28. април и на плоштадот во Охрид.

No comments:

Post a Comment