Sunday, May 3, 2009

КАЛИОПИ ВО ФЕСТИВАЛСКА ОФАНЗИВА

Првата дама на македонската поп-музика, Калиопи, за летниот период најавува вистинска фестивалска офанзива. Првиот фестивалски настап е закажан за 30-ти мај, кога на Хрватски Радиски Фестивал во Опатија ќе ја пее песната Љубичице. Неколку дена подоцна, на 4-ти јуни, Калиопи настапува во Сараево, на доделувањето на наградите Индекси.
Од 5-ти до 8-ми јуни Калиопи ќе престојува на фестивалот во Будва, на престижната Пјесма Медитерана, додека од 4-ти до 6-ми јули ја очекува настапот на фестивалот Сунчане скале, каде како второпласирани на националниот Евросонг, со Наум Петрески ќе ја отпеат темара Рум дум дум.

No comments:

Post a Comment