Saturday, May 23, 2009
Слава на Македонски начин- КОЛУМНА
Wednesday, May 20, 2009
Рокерот Влатко Илиевски деновиве беше зафатен со снимање на спотовите за песната "Најбогат на свет", во македонска и во српска верзија.
Од "План Б" продукција, која се грижи за кариерата на популарниот рокер не известија дека Влатко во друштво на Дојчин и на Дарко Тасев снимаше цели 15 часа во ресторан "Воденица", ресторан "Тилио" и на неколку други скопски локации. Режисер на спотот е Влатко, а за потсетување песната е дело на Весна Малинова, Дарко Тасев и на Владимир Дојчиновски- Дојчин. Со српската верзија на песната, тој ќе настапи на фестивалот "Сунчане скале" во јули во Херцег Нови.
И уште една убава носвост за Влатко: "План Б продукција" ја закажа официјалната промоција на новиот тираж на албумот со "Други зборови", во "Винер клубот, во ТЦ Соравиа, на 28 мај, во 21:30 часот. Рокерот и неговата екипа ветуваат супер забава на отворено.
На промоцијата, Влатко ќе испее и неколку песни во анплагд верзија.
Откако е распродаден првиот тираж, новиот се печати во ограничен лимит и ќе се продава само по ексклузивните музички продавници низ Македонија.
Пилева со рок спектакл на Кале
За подарок на сите ученици, рок ѕвездата Алекснадра Пилева организира концерт токму на 10 јуни, на денот кога завршува школската година. Концертот ќе се одржи на Тврдината Кале, со почеток во 21 часот, го организираат "Баги комуникации" и е со наслов "School's out".

Гости на концертот се легенадрните белградски рокери "Електрични оргазам"! Настанот ќе отворат неколку млади рок бендови, а Пилева во својата енергична свирка стартува во 21 часот. Од "Баги комуникации" велат дека подготвуваат уште неколку музички изненадувања.
Ова е прв голем солистички концерт на Пилева, која е позната како одличен забавувач во ноќните клубови. На настанот таа ќе ги пее песните од нејзиниот албум "Враќање во студиото рокенрол".
Организаторите велат дека Градот Скопје го подржал овој настан, и се надеваат дека ќе стане традиционален.Кирил Џајковски низ Европа
Кирил Џајковски и неговиот бенд заминаа за Истанбул, каде што денеска (20 мај) ќе настапат на најспектакуларниот концертен простор во населбата Бејолу, клубот Гето.

Настапот на Кирил е најавен како совршен за отворање на новата сезона на клубот и најдобар избор за афтер парти по финалето на купот на УЕФА.
Веќе во сабота, бендот патува за Прага, каде што ќе биде дел од третото издание на најголемиот летен фестивал во главниот град на Чешка. Како што вели нивното соопштение: "Под македонското сонце, на на нашата најдобра летна забава", за прв пат ќе пречекаме легенда".
Ден потоа, заминуваат за Порторож, Словенија, на фестивал кој што две години го најавува Кирил како главен изведувач.Tuesday, May 19, 2009
Влатко Стефановски ја започнува хуманата акција !
Влатко Стефановски ќе одржи пет концерти во институции во кои се сместени припадници на маргинализирани целни групи. Концертите со наслов "Мала дневна музика", ќе започнат на 18 мај, а завршуваат на 22 мај.
На 18 мај, Стефановски ќе свири во СОС детското село во Скопје со почеток во 18 часот. На 19 мај, во 14 часот е во КП Домот Идризово, а на 20 мај во 19 часот ќе одржи концерт за Сојузот на слепи, во училиштето Димитар Влахов. На 21 мај гостува во Душевната болница Бардовци во 13 часот, а последниот концерт од овој серијал е на 22 мај, во 11 часот во домот за стари лица во Злокуќани.
Организатор на овие хумани настани е "Баги комуникации". На прес конференцијата Стефановски изјави дека идејата ја добил лани, кога одржал концерт за помош на слепите лица во Белград, во театарот на познатиот српски актер Мики Манојловиќ. Целта на овој проект е да им се разубави секојдневието на лицата сместени во домовите.

Слаткиот Слаткар ќе го промовира својот албум!
Контроверзниот хип хопер Слаткар, познат по провокативните текстови на своите песни, наскоро ќе ја изненади публиката со нов албум.
Промоцијата на новото цеде на Слаткар е планирана за крајот на мај.
Слаткар е новиот екслузивец на "Јованов рекордс", продукцијата која го издава материјалот. Песните се работени во студиото на Јован Јованов, а интересните текстови се традиционално дело на Слаткар.
Идолот Бојан повторно спасен
| | |
![]() |
| Бојан ги одбегнa елиминациите |
Во вчерашното музичко шоу „Идол“ од шестемина кандидати нови пет беа номинирани за елиминации.
Македонецот Бојан е единствениот кој по вторпат успеа да ги одбегне елиминациите.
Нему вечерва ќе му се придружат двајцата најдобри кои ќе успеат да соберат најмногу гласови од телефонските повици.
Токшоуто на „Идол“ започнува вечерва на А1 Телевизија во 20 часот и 45 минути.
Норвешка го освои „евровизискиот микрофон“
| |
![]() |
| Александар Рибак |
Норвешка победи на изборот за најдобра песна на Евровизија што се одржа во Москва, и со тоа оваа скандинавска земја догодина ќе биде домаќин на Евросонгот.
Норвешкиот претставник Александар Рибак, по потекло од Белорусија, настапи со песната „Бајка“ (Fairytale) и убедливо го освои првото место со 387 бодови, речиси двојно повеќе од второпласираниот Исланд.
Меѓу првите пет, според гласовите на гледачите и стручните жирија, се пласираа и Азербејџан, Турција и Велика Британија.
На Евросонгот учествуваа 42 држави, а во финалето се пласираа песните од 25 земји.
Домаќини на финалето што во саботата вечер се одржа во московската арена беа популарната руска пејачка Алса и тв-водителот Иван Ургант.
Македонскиот претставник на годинешната Евровизија групата Некст тајм не успеа да се пласира во финалето.




По успехот со албумот "Македонско девојче", Каролина и се враќа на поп музиката. Новиот сингл на Каролина со наслов "Крај" (19 мај) е пуштен во радио етерот.
Песната е комплетно авторско дело на моментално еден од најпопуларните српски музичари, Sky Wikluh. Снимена во српска и македонска варијанта, а препевот за македонската верзија е на Весна Малинова.
Од Авалон продукција најавуваат дека за песната најверојатно ќе следи и спот наменет за пазарот на поранешна Југославија.

Wednesday, May 13, 2009
Евросонг 2009
Се случува 53-тото издание за избор на песна за Евровизија, овојпат благодарение на Дима Билан во Русија - Москва. Наши претставници беа Некст Тајм, оваа година по вторпат не влегуваме во финале откако се воведени полуфинални вечери на оваа манифестација, а истите беа воведени во 2004та година кога евросонгот се случуваше во Турција. Како и да е многу поголем гламур на сцената од овој што го видовме беше најавен од страна на домакините. Во секој случај иста приказна секоја година, голем циркуз уште поголеми гласови сосема логично распределени уште пред да се одржи манифестацијата со политички дострел кој е повеке од очигледен. Секоја година ист евросонг но иста е и Македонија од аспект на очекувања во утопија залудно потрошени многу пари, оваа година со повеке од солиден настап!!! Достоен во секој случај.Tuesday, May 12, 2009
„Некст Тајм“ ќе настапат на Евровизија

Близнаците Мартин и Стефан Филиповски, познати како „Некст тајм“ со песната „Нешто што ќе остане“ денеска во Москва, на првата полуфинална вечер ќе ја претставуваат Македонија на изборот за песна на Евровизија.
Во конкуренција од 42 земји-учеснички рок-дуото ќе настапи под реден број 13. Втората полуфинална вечер е на 14 мај, а големото евровизиско финале е два дена подоцна.
Досега, Македонија на Евросонг ја претставуваа триото Тамара, Врчак и Адријан, Елена Ристеска, Мартин Вучиќ, Тоше Проески, на два пати Каролина Гочева, XXL и Владо Јаневски.
Во Москва за поддршка е Јован Јованов композиторот на песната,нивната мајка Сузана,и друпа на фанови од Македонија.
Според кладилниците сме на последно место, а според нас барем во финалето.
Monday, May 11, 2009
Македонската музика и пиратеријата
Македонската естрада се соочува со уште еден сериозен проблем, а тоа е феноменот пиратерија. Повеке од очигледно е дека залудни се пораките од типот - купувајте оригинали, пиратеријата ја уништува музиката.Единствен начин да се искорени ова зло е да се намалат цените на оригиналните изданија на музичките албуми. Тоа не значи дека истите помалку вредат туку е подобро отколку истите да бидат обезвреднети преку пиратеријата. Исто така на македонската естрада посебно внимание заслужува прашањето за авторските права и функциониранјето на институцијата која за тоа постои. За жал освен квантитетот нашата естрада има проблеми и од ваков тип ако може да ги наречам технички.
Monday, May 4, 2009
Македонија и Евросонг
Македонија, своето учество на Евровизија го започна во Англија и прв претставник беше Владо Јаневски. Како и да е , важно е да се каже дека секоја година без поправка се крева голема фама околу евровизија. По се изгледа нашава земја му прави најголема реклама на овој фестивал на кој нештата се јасни како ден. Не случајно Италија брзо ја заврши приказната со Евросонг и на музиката и ја врати уметноста со Сан Ремо. Вистинско време е да се врати оној период од 1998 година кога македонската музика кулминирашеSunday, May 3, 2009
КАЛИОПИ ВО ФЕСТИВАЛСКА ОФАНЗИВА
Првата дама на македонската поп-музика, Калиопи, за летниот период најавува вистинска фестивалска офанзива. Првиот фестивалски настап е закажан за 30-ти мај, кога на Хрватски Радиски Фестивал во Опатија ќе ја пее песната Љубичице. Неколку дена подоцна, на 4-ти јуни, Калиопи настапува во Сараево, на доделувањето на наградите Индекси.Од 5-ти до 8-ми јуни Калиопи ќе престојува на фестивалот во Будва, на престижната Пјесма Медитерана, додека од 4-ти до 6-ми јули ја очекува настапот на фестивалот Сунчане скале, каде како второпласирани на националниот Евросонг, со Наум Петрески ќе ја отпеат темара Рум дум дум.

