Wednesday, May 20, 2009

Пилева со рок спектакл на Кале

За подарок на сите ученици, рок ѕвездата Алекснадра Пилева организира концерт токму на 10 јуни, на денот кога завршува школската година. Концертот ќе се одржи на Тврдината Кале, со почеток во 21 часот, го организираат "Баги комуникации" и е со наслов "School's out".

Гости на концертот се легенадрните белградски рокери "Електрични оргазам"! Настанот ќе отворат неколку млади рок бендови, а Пилева во својата енергична свирка стартува во 21 часот. Од "Баги комуникации" велат дека подготвуваат уште неколку музички изненадувања.

Ова е прв голем солистички концерт на Пилева, која е позната како одличен забавувач во ноќните клубови. На настанот таа ќе ги пее песните од нејзиниот албум "Враќање во студиото рокенрол".

Организаторите велат дека Градот Скопје го подржал овој настан, и се надеваат дека ќе стане традиционален.

No comments:

Post a Comment