Кирил Џајковски низ Европа
Среда, 05.20.2009
Кирил Џајковски и неговиот бенд заминаа за Истанбул, каде што денеска (20 мај) ќе настапат на најспектакуларниот концертен простор во населбата Бејолу, клубот Гето.

Настапот на Кирил е најавен како совршен за отворање на новата сезона на клубот и најдобар избор за афтер парти по финалето на купот на УЕФА.
Веќе во сабота, бендот патува за Прага, каде што ќе биде дел од третото издание на најголемиот летен фестивал во главниот град на Чешка. Како што вели нивното соопштение: "Под македонското сонце, на на нашата најдобра летна забава", за прв пат ќе пречекаме легенда".
Ден потоа, заминуваат за Порторож, Словенија, на фестивал кој што две години го најавува Кирил како главен изведувач.
No comments:
Post a Comment