Tuesday, May 19, 2009

Влатко Стефановски ја започнува хуманата акција !


Влатко Стефановски ќе одржи пет концерти во институции во кои се сместени припадници на маргинализирани целни групи. Концертите со наслов "Мала дневна музика", ќе започнат на 18 мај, а завршуваат на 22 мај.

На 18 мај, Стефановски ќе свири во СОС детското село во Скопје со почеток во 18 часот. На 19 мај, во 14 часот е во КП Домот Идризово, а на 20 мај во 19 часот ќе одржи концерт за Сојузот на слепи, во училиштето Димитар Влахов. На 21 мај гостува во Душевната болница Бардовци во 13 часот, а последниот концерт од овој серијал е на 22 мај, во 11 часот во домот за стари лица во Злокуќани.

Организатор на овие хумани настани е "Баги комуникации". На прес конференцијата Стефановски изјави дека идејата ја добил лани, кога одржал концерт за помош на слепите лица во Белград, во театарот на познатиот српски актер Мики Манојловиќ. Целта на овој проект е да им се разубави секојдневието на лицата сместени во домовите.

1 comment:

  1. баш убаво од него што се залага за хуманитарни акции било чија и да е иницијативата, треба да бидеме горди што ѕвезда како него се труди да го разубави амбиентот во домовите и убаво од вас што го промовиравте!

    ReplyDelete